Тековни проекти

Грант од Делегацијата на ЕУ за организирање на медиумските награди “Жан Моне 2018”

Времетраење: 4 месеци (септември 2018 – декември 2018)

Буџет: 14.968 евра

Планираните активности во склоп на грантот се поврзани со промоција и организирање на медиумските награди “Жан Моне 2018”.

EU mk1


Акциски грант финансиран од УНЕСКО: “Транспарентност, градење на доверба и соработка за подобрување на медиумската саморегулација”

Времетраење: 9 месеци (август 2018 – април 2019 година)

Буџет: 19.996 евра

Во рамките на Проектот се предвидени следните активности:
- Распишување на повик за избор на новинарски стории во кои се запазени професионалните стандарди во известувањето, избор и наградување на 3 најуспешни стории.
- Промовирање на најуспешните стории на социјалните мрежи.
- Огранизирање на 2 настани (отворен ден) за запознавање со СЕММ и одржување јавна седница на Комисијата за жалби.
- Организирање на пролетен камп за медиумска етика за 30 учесници од Македонија и Албанија


Акциски грант финансиран од МЦМС во рамки на проектот „Добро управување во граѓанските организации“: “До поголема отчетност и транспарентност преку учество и инклузија”

Времетраење: 12 месеци (јули 2018 – јули 2019)

Буџет: 410.956 мкд

Во рамките на Проектот се предвидени следните активности:
- Анализа на процедурите за внатрешна поврзаност и размена на информации меѓу органите на Советот за етика во медиумите
- Организирање работилница за органите на СЕММ за механизми на внатрешно поврзување, ефективна размена на информации и моделите на транспарентност и отчетност
- Организирање дебата и консултации со граѓаните за механизмите на транспарентност и повратни реакции (фидбек)
- Подготовка на стратегиски план за внатрешно поврзување на органите на СЕММ заради транспарентно и отчетно работење, врз основа на учество од целните групи.
- Информирање на граѓаните за механизмите на транспарентност, отчетност и вклучување во работата на СЕММ
- Контактирање на медиумите заради информирање околу принципите и механизмите на транспарентност и отчетност на СЕММ и објаснување на механизмите на соработка со саморегулативното тело

mcms


Институционален грант: „Институционално зајакнување на Советот за етика во медиумите во Македонија“ финансиран од Амбасадата на Кралството на Холандија

Времетраење: 2 години (01.08.2017 – 31.07.2019)

Буџет: 121,110 евра

Генерално, планираните активности во склоп на проектот се поврзани со:
• Придонесување во понатамошната промоција на саморегулација во медиумите како алатка за подобрување на медиумското известување и слободата на изразување
• Унапредување на државната, регионалната и интернационалната мрежа преку промоција на добри практики во делот на саморегулација и слободата на изразување во земјата
• Развивање на заедничка агенда за слободата на говор помеѓу сопственици на медиуми, уредници, новинари и претставници од граѓанскиот сектор