Проекти

Институционален грант: „Институционално зајакнување на Советот за етика во медиумите во Македонија“ финансиран од Амбасадата на Кралството на Холандија
Времетраење: 2 години (01.08.2017 – 31.07.2019)
Буџет: 121,110 евра

Генерално, планираните активности во склоп на проектот се поврзани со:
• Придонесување во понатамошната промоција на саморегулација во медиумите како алатка за подобрување на медиумското известување и слободата на изразување
• Унапредување на државната, регионалната и интернационалната мрежа преку промоција на добри практики во делот на саморегулација и слободата на изразување во земјата
• Развивање на заедничка агенда за слободата на говор помеѓу сопственици на медиуми, уредници, новинари и претставници од граѓанскиот сектор


Акциски грант финансиран од УНЕСКО: „Изградба на мрежи на поддршка за зајакнување на саморегулација во медиумите и промоција на човековите права“
Времетраење: 12 месеци (јуни 2017 – јуни 2018 година)
Буџет: 23.995 евра

Во рамките на Проектот се предвидени следните активности:

  • Распишување на повик за избор на новинарски стории во кои се запазени професионалните стандарди во известувањето, избор и наградување на 3 најуспешни стории.
  • Промовирање на најуспешните стории на социјалните мрежи.
  • Отворен ден за запознавање со СЕММ и одржување јавна седница на Комисијата за жалби.
  • Учество на двајца претставници на СЕММ на годишниот состанок на Алијансата на независни Совети за етика во Европа.
  • Организирање на дводневна работилница во Македонија, за споделување на искуства со пет претставника од Албанскиот Совет за етика.
  • Организирање на посета на Совет за етика во ЕУ земја, со цел градење на капацитетите на СЕММ и споделување на искуства и предизвиците со кои се соочува Советот.


Двегодишен институционален грант финансиран од ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Времетраење: април 2016 - март 2018 година
Буџет:  2.500.280 денари
 
Во принцип, со овој грант се поддржува функционирањето на канцеларијата на Советот за етика во медиумите (СЕММ) и работата на Комисијата за жалби при СЕММ. Исто така, со него се покриваат редовните оперативни трошоци. Планирани се активности за зголемување на видливоста на Советот (видео и публикации за саморегулација во медиумите). Како дел од проектот, во 2017 година се планира и воспоставување на неформално тело за справување со говорот на омраза во медиумите. 
 

 
Проект поддржан од МИМ/ЕУ „Преку саморегулација до кредибилитет на медиумите и јавната доверба" во рамките на проектот "#ReForMedia – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера"

Времетраење: 6 месеци, октомври 2016 – март 2017 година

Буџет:  9.990 евра

 

Во принцип, активностите се главно насочени кон промовирање на работата на СЕММ и неговите компетенции и поттикнување на граѓаните да учествуваат во зајакнувањето на саморегулацијата во земјата.

            Во рамките на Проектот се преземаат и се планираат следните активности:

  • Објавување на искуствата од работата на СЕММ и резултатите од работата на Комисијата за жалби при СЕММ
  • Компаративна анализа на практиките на советите на медиумите во Европа и етичките рамки/препораки за Македонија
  • Конференција за медиумска етика и саморегулација
  • Две дебати на универзитетите за унапредување на работата на СЕММ

 


 

Институционален грант: „Институционално зајакнување на Советот за етика во медиумите на Македонија" од Амбасадата на Кралството Холандија“
Времетраење: 2 години (1 декември 2014 – 30 декември 2016 година)
Буџет: 7.747.740 денари

            Во принцип, активностите на овој проект беа насочени кон:

  • Создавање на оперативни услови за функционирање на Советот за етика во медиумите на Македонија
  • Промовирање во јавноста на CЕММ и Кодексот на новинарите на Македонија
  • Развивање на пракса на поднесување жалби до Комисијата за жалби
  • Активности за подигнување на свеста за професионално медиумско известување
  • Иницирање на локална и регионална соработка меѓу медиумите и соработка со организациите со членство
  • Креирање на план за долгорочна самоодржливост и стратегија


 

Акциски грант финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија: „Democracy Watch 2015: ПОЛИТИЧКИОТ ПЛУРАЛИЗАМ ВО МЕДИУМИТЕ, ПРЕД И ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРИ”

Времетраење: 7 месеци (ноември 2015 – мај 2016 година)

Буџет: 5.050 евра

 

Во принцип, активностите на овој проект беа насочени кон зголемување на разбирањето на јавноста и на видливоста на улогата на Советот за етика во медиумите, промовирање на улогата на CЕММ како посредник меѓу јавноста и медиумите и обезбедување на навремени и редовни известувања за потребата од изнаоѓање на брзи правни лекови во контекст на известувањето за изборите и наодите/жалбите во однос на медиумите од страна на Институтот за комуникациски студии/Школата за новинарство и за односи со јавноста.

Во рамките на овој проект беа преземени следните активности:

  • Беше формирано тело одговорно за координација на реакциите на одговор од страна на СЕММ
  • Јавни консултации/дебати со претставници на граѓанскиот сектор, државните институции и медиумите на национално, регионално и локално ниво
  • Беше подготвена публикација која содржеше преглед на најчестите случаи на жалби во однос на медиумите пред и за време на изборите.

 


 

Акциски грант финансиран од УНЕСКО: „Приближување на учесниците со цел подобрување на саморегулацијата во медиумите“

Времетраење: 10 месеци (март 2016 – декември 2016 година)

Буџет: 15.995 евра

 

Во рамките на Проектот беа преземени следните активности:

  • Беше спроведено истражување меѓу новинарите и претставниците на граѓанското општество во однос на перцепциијата на саморегулацијата во медиумите и улогата на СЕММ
  • Беа реализирани четири ТВ дебати за прашања од значење за саморегулацијата и медиумскиот професионализам
  • Учество на двајца претставници на Советот на конференцијата за Светскиот ден на слободата на медиумите во Хелсинки, Финска во 2016 година
  • Три дебати со студентите на Универзитетите во земјата
  • Работилница со претставници на менаџментот на медиумите фокусирана на потребата за поддршка на саморегулацијата


 

Проект финансиран од УНЕСКО „Информирај и биди информиран”

Времетраење: 4 месеци, април 2015 – јули 2015 година

Буџет: 229.152 денари

 

Во принцип, сите активности главно беа насочени кон зголемување на свеста на граѓаните низ целата земја за постоењето и улогата на СЕММ, воведувањето на Управниот одбор на Советот, Извршната канцеларија и Комисијата за жалби, како и запознавање со начините на поднесување жалби.

 

            Во рамките на Проектот беа преземени следните активности:

  • Во рамките на Проектот беа преземени следните активности:
  • Регионално и меѓународно вмрежување
  • Двајца претставници на СЕММ учествуваа на конференцијата организирана од страна на УНЕСКО по повод Светскиот ден на слободата на изразување, што се одржа во Рига во мај 2015 година, а еден претставник на СЕММ присуствуваше на Годишното собрание на AIPCE (Сојузот на независните совети на медиуми во Европа) во октомври 2015 година.