Вести

Принципот на саморегулација - од идеја до реализација и формирањето и првите искуства на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) беа презентирани на јавни дебати во овие градови.

Саморегулацијата во медиумите како принцип кој доведува до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството, е главната тема на дебатите на Советот за етика на медиумите во Македонија(СЕММ), закажана за 23 април во Битола и 24 април во Охрид.

Претставници на Советот за етика во медиумите на Македонија учествувааа на Регионалната конференција за саморегулација на медиумите, која се одржа на 26 и 27 март 2015 година, во Белград. Конференцијата беше организирана од Совет на Европа, во рамки на проектот “Унапредување на слободата на изразување и информирање и слобода на медиумите во Југоисточна Европа”.

Канцеларијата официјално започна со работа во Јануари, 2015 година.

Советот за етика во медиумите на Македонија е саморегулаторно тело кое работи на унапредување и заштита на професионалните стандарди и етиката во медиумите во Република Македонија.


Во рамки на советот дејствува советодавно тело, Комисија за жалби, која одлучува по поднесени жалби за прекршување на професионалните и етичките стандарди во медиумите.

Жалба може да достави секој граѓанин, правни лица и други претставници на јавноста, вклучувајќи ги и новинарите. Адреса за контакт „Митрополит Теодосиј Гологанов“ 54/2, Скопје или преку email: info@semm.mk 

diterЧленовите на Управниот одбор и на Комисијата за жалби на Советот за етика (СЕММ) во јули и во октомври годинава одржаа две работилници со независниот експерт од Велика Британија, Дитер Лорејн за подготовка на Стратегијата за работа на оваа организација.

germanski sovet za etika 1Во организација на Советот на Европа, претставници на Управниот одбор на Советот за етика на Македонија и на Комисијата за жалби во мај годинава беа во студиска посета во Берлин, каде се запознаа со начинот на работа на ваквото тело во Германија.

sovet etika 1Да се заштити јавноста од непрофесионалните новинари и медиуми, да им се помогне на сопствениците на медиумите да не плаќаат високи казни поради непрофесионален новинарски кадар е целта на Советот за етика на медиумите.

Граѓани, правни лица и медиуми доколку се навредени од медиумите ќе можат да се пожалат до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите етика кој започна да функционира.

Целта ќе биде заштита од непрофесионалното новинарство.

Откако комисијата ќе ја разгледа жалбата доколку одлучи дека се повредени стандардите јавно ќе го осуди медиумот кој не води грижа за професионалните стандарди.

Очекувањата се да се намали и бројот на тужби против новинари.