Вести

Советот за печат во Босна и Херцеговина, организираше широка кампања со медиумите кои припаѓаат на советот за печат, за да ги поттикне редовно да објавуваат на нивните веб страни или во нивните печатени изданија информацииза читателите за тоа како да поднесат претставка до Советот за печат на земјата.

slika5УНЕСКО го финансираше печатењето на 5000 примероци од новото издание на Кодексот за етика на српските новинари. Кодексот беше широко дистрибуиран за време на првиот медиумски саем во Белград, од 28 октомври до 1 ноември 2015 година.

slika4Во Србија, со цел да се промовира Советот за печат преку иновативен пристап, Советот за печат организираше јавни дебати за сопствената комисија за жалби за тематски прашања во српските медиуми. Идејата беше да се стимулираат учесниците да дебатираат за теми за медиумската етика.

slika3Во Босна и Херцеговина, советот за печат организираше кампања за подигање на јавната свест наречена "Граѓаните и новинарите, во борба за вистината". Оваа кампања се одвиваше во 35 градови низ земјата и беа вклучени повеќе од 1200 лица.

slika2УНЕСКО го поддржа дизајнирањето и создавањето на две нови интерактивни веб-страници за Советот за печат на Косово и за Советот за етика во медиумите на Македонија, во Република Македонија. Двете веб-страници им овозможуваат на корисниците на медиумите да поднесат жалби онлајн.

slika1Демократијата бара добро информирана и плуралистичка јавна сфера. Ова се однесува на медиумите кои се стремат кон вистината, и непристрасно и висококвалитетно известување. Нивото на учество и ангажирање на граѓаните во општеството зависи од способноста на медиумите да гопробудат и да го задржат нивниот интерес за голем број прашања. Граѓанското општество, исто така, има голема улога во барањето отчетност од медиумите.

Здружението на новинарите на Македонија, Светскиот ден за човекови права 10ти декември го одбележа со тематски форум насловена како „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“. На настанот беа поканети и учествуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, Народниот правобранител Иџет Мемети, а во работниот дел свои излагања имаа новинарот Томислав Кежаровски, претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис, директорката на Советот за етика Марина Тунева, раководителката на програми на МИМ Весна Никодиноска и првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани.

Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите, во соработка со УНЕСКО и со Делегацијата на Европската Унија, на 10 ноември организираат национална конференција на тема „Новинарска етика и медиумски вредности во специфични околности и за време на избори”.
Настанот ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“(сала Милениум 2), со почеток во 11 часот.

Која е суштинската улога на новинарите за време на избори? Што е пресудно за објективно и професионално информирање на граѓаните во текот на изборниот процес? Каква е улогата на саморегулаторните тела за обезбедување избалансирано и професионално покривање на изборите? – Ова се само дел од прашања кои ги разговаравме со Мартин Хакерби, медиумски експерт и долгогодишен новинар и уредник во водечкит медиуми во Англија.

Да се зборува за саморегулацијата во едно општество без демократски капацитети е тешко. Но, мора да се зборува. Во Босна и Херцеговина се водеше војна. Медиумите беа воени хушкачи, новинарите исто. И ако тие имаа храброст да се погледнат в очи и да се договорат дека мора да имаат такво тело, зошто ние да не веруваме дека можеме да ги достигнеме и да бидеме подобри од нив, вели претседателот на Комисијата за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски.

Пишува: Ана Анастасовска

„Секој новинар треба да се преиспита дали и колку ги почитува професионалните стандарди, дали е совладан од цензура или од автоцензура, дали новинарската слобода му е подјармена од економската неслобода, односно на зависноста од платата и од политичките преференции на работодавецот“ – вели Катерина Блажевска, во интервјуто за Советот за етика во медиумите во Македонија.

На 8 и 9 ноември 2015 година, УНЕСКО финансиски го поддржа учеството на претставници од советите за етика во Југоисточна Европа на годишната конференција на Алијансата на независни совети за етика во Европа (AIPCE), европска мрежа на саморегулаторни тела за печатените и електронските медиуми.