Вести

logo cmem 001

Советот за етика во медиумите (СЕММ) на 30ти март (четврток), организира редовно годишно Собрание, со почеток во 10:30, во хотел Гранд Плаза, Скопје.

osuda

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува вчерашниот физички напад врз новинарот на телевизија 24, Христијан Баневски.

semm iks1

Саморегулацијата во медиумите и нејзините придобивки беше главна тема за дискусија на дебатата со студентите на Институтот за комуникациски студии, на 21 февруари.

Досегашните искуства и планови на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) беше тема на дебатата што се одржа на 2 февруари, во Скопје.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на 02.02.2017 (четврток), во Public Room, со почеток во 12:00, организира дебата на тема „Советот за етика во медиумите и Комисијата за жалби – досегашни искуства и планови', наменета за претставници на граѓански здруженија кои дејствуваат во доменот на заштита и промовирање на човековите права.

На следниов линк е дневниот ред за настанот.

Комисијата за жалби при СЕММ во 2016 година донесе 76 одлуки за прекршување на професионалните новинарски стандарди. Прегледот се наоѓа на следниов линк.

sovet 0

„Ова е можност да дискутираме за досегашните искуства на Советот за етика во медиумите со раководството во медиумите, но и да се запознаеме со искуствата на другите совети“, рече Марина Тунева, извршен директор на СЕММ на почетокот од работната средба што се одржа на 17 октомври, во Скопје.

Советот за етика во медиумите на Македонија успешно ја реализираше регионалната конференција „Предизвици за советите за етика во медиумите на Балканскиот регион“, во Скопје на 18 и 19 мај, на која учествуваа претставници на саморегулаторните тела од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Србија и Црна Гора. Настанот беше организиран во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Амбасадата на Кралството Холандија.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) доби поддршка од Европската унија и УНЕСКО за учество во проектот „Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа и Турција“.

На прес-конференцијата што се одржа на 10 март, во ЕУ инфо центарот, во Скопје, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ги потсети медиумите на големата улога и обврски за професионално информирање и придонес во подобрување на состојбите во медиумската сфера.

“Медиумите, изборите и улогата на саморегулацијата“ беше тема на дебатата што Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја организира на 25 февруари, во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп.

Голем број медиуми на церемонија што се одржа во ЕУ инфо центарот, на 12 февруари ја потпишаа Повелбата за етичко известување за изборите. Повелбата ја подготви Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), а нејзината содржина се заснова на најважните и универзални принципи на професијата, содржани во документи и публикации на Меѓународната федерација на новинарите, Иницијативата за етичко новинарство, Фондацијата Ројтерс, Репортери без граници, Член 19, итн.