Вести

Медиумската саморегулација подразбира ефективна поврзаност меѓу медиумите, индустријата и јавноста. Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) силен акцент во своето работење става на внатрешната поврзаност и зајакнување на капацитетите на своите органи за размена на информации и заедничко планирање на стратегискиот развој. Во тој процес, поврзаноста и редовната соработка со јавноста е од исклучително значење. Повеќе во видеото на СЕММ „Јавноста - клучен партнер за ефективна саморегулација“, подготвено во рамки на проектот „До поголема отчетност и транспарентност преку учество и инклузија“.

Активностите од овој грант се финансирани од Европската Унија и се дел од Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која што ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).