Советот за етика во медиумите на Македонија започнува со проект поддржан од ЕУ и УНЕСКО

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) доби поддршка од Европската унија и УНЕСКО за учество во проектот „Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа и Турција“.

СЕММ во рамки на проектот, меѓу другото, ќе работи на подготовка и презентација на студии на случај поврзани со саморегулацијата, дебатни емисии, симулација на работењето на Комисијата за жалби пред студенти и професори, средби и соработка со сопственици на медиуми, уредници и новинари, итн.

Проектот е насочен кон зајакнување на слободата на изразување, пристапот до медиумите, подобрување на механизмите за одговорност на медиумите, како и внатрешното раководење со медиумите. Во фокусот на проектот е и поттикнување на медиумската писменост меѓу граѓаните и зајакнувањето на поддршката од граѓанското општество за медиумите, како и поттикнување на побарувачката за квалитетни новинарски содржини.

Во проектот учествуваат и советите за етика во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Турција и Албанија.

СЕММ е дел од регионалната мрежа на совети за етика во медиумите MediaNethics, a од октомври 2015 година официјално стана и членка на Алијансата за независни совети за етика во медиумите на Европа (AIPCE).

Што е медиумска саморегулација?

 

Совет за етика во медиумите на Македонија