Потпишување на Повелбата на СЕММ за етичко известување за изборите

Голем број медиуми на церемонија што се одржа во ЕУ инфо центарот, на 12 февруари ја потпишаа Повелбата за етичко известување за изборите. Повелбата ја подготви Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), а нејзината содржина се заснова на најважните и универзални принципи на професијата, содржани во документи и публикации на Меѓународната федерација на новинарите, Иницијативата за етичко новинарство, Фондацијата Ројтерс, Репортери без граници, Член 19, итн.

Повелбата се заснова на принципите на вистинитост и објективност, избалансираност, јасна дистинкција меѓу информациите и коментарите, чесност и неутралност, професионална солидарност, уредничка незавиност, почит и толерантност, слобода и одговорност.

„Она што е најважно околу Повелбата е тоа нејзините принципи континуирано да бидат применувани во секојдневната практика на медиумското известување. Отпорот на медиумите да дејствуваат на таков начин нема да биде отпор кон Повелбата и оваа наша иницијатива, туку ќе биде отпор кон нивните интереси и кон интересите на доброто новинарство, а со тоа губење и на статусот на вистински новинар. А денес многу повеќе отколу порано постои потреба новинарот да биде кажувач на вистината, доловувач на суштината и објаснувач на околностите“, рече директорката на СЕММ.

Претседателот на Комисијата за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски порача „се надевам дека вашите потписи нема да останат мртва буква на хартија, дека етичките начела ќе надвладеат и нема да се нарушуваат. Уште помалку дека тоа ќе биде правено додека е свежо мастилото од вашите потписи“, рече Адамчески.

Што е медиумска саморегулација?

 

Совет за етика во медиумите на Македонија