Препораки од тркалезната маса посветена на улогата и влијанието на уредниците во превенирање на говорот на омраза и дискриминацијата во медиумите

Од дискусијата помеѓу  присутните произлегоа следниве заклучоци и препораки:
 
  • -Да се соработува меѓу регулаторното и саморегулаторното тело, особено во взаемното искористување на ресурсите во справувањето со случаите на говор на омраза во медиумите;
  • -Медиумите да известуваат за говорот на омраза, но да се обележи како таков и јасно да биде ставено до знаење дека станува збор за таков проблем;
  • -Да се зголеми ангажираноста на Комисијата за заштита од дискриминација во идентификувањето на случаите на говор на омраза, а особено во делот на казнувањето;
  • -Новинарите или лицата кои што ги искористуваат медиумите за ширењето говор на омраза да сносат соодветна одговорност, а новинарската фела да се обедини во нивното дистанцирање од медиумскиот простор;
  • -Неопходна е координација и усогласување меѓу различните институции, организации и мрежи во борбата против говорот на омразата и дискриминацијата;
  • -Да се намали влијанието на центрите на моќ и политичкото влијание врз работењето на медиумите;
  • -Постои потреба од професионализација на работењето на новинарите како во јавниот сервис, така и во другите медиуми, односно да се работи на континуирана едукација;
  • -Саморегуларијата се’ почесто да се користи како механизам за реагирање за говорот на омраза, навреда, клевета и други појави на кршење на Кодексот на новинарите;
  • -Да се отвори дебата за тоа дали е неопходна и ко-регулација во медиумскиот простор, односно дускусија околу потребата од внесување измени во законската рамка; 
  • -Редакциите да имаат свој Кодекс кој ќе се почитува во рамки на редакцијата,  а Интернет порталите да договорат внатрешни принципи на однесување;
  • -Да се креира нов Кодекс на печатени, електронски и интернет медиуми.

 

Уредниците за говорот на омраза во медиумите“

Што е медиумска саморегулација?

 

Совет за етика во медиумите на Македонија