Работилница за Советот на честа на ЗНМ и Комисијата за жалби на СЕММ со експерт од Велика Британија

slika6Во периодот 19ти-21ви ноември 2015 година, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во соработка со Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја организираше работилницата„Професионалност и етика во медиумите и инклузивно известување“. Настанот беше наменет за членовите на Советот на честа на ЗНМ, како и за членовите за Комисијата за жалби на СЕММ.

Работилницата ја водеше експертка од Бирмингем Сити универзитетот во Велика Британија Дајан Кемп, која е редовен професор за теми поврзани со етичко известување за сензитивни прашања и различности.Кемп била и новинар и уредник во британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Идејата на работилницата беше, преку интерактивна дебата и низ практична работа, да се направи компаративна анализа за етиката во медиумите во Македонија наспроти праксата во Обединетото Кралство. Беа посочени многу примери од Велика Британија, кои меѓу другото се однесуваа и на надминувањето на проблемот со недостигот на етичност во известувањето преку примената на саморегулаторни механизми. Се разговараше и за начините на кои тааа практика можела да се примени и во нашата држава, земајќи ги предвид спецификите на локалниот контекст.

Што значи да се биде професионален новинар, нашето разбирање на "коментар", што е спротивно на "факт", прашања на различностите кои се однесуваат на говорот на омраза и стигматизација на малцински групи се дел од темите во рамки на агендата за овој настан.

Професорката Кемп порача:„Многу е важна меѓуколегијалната соработката и поддршка од новинарите од други редакции, особено во форма на меѓусебно менторство, а притоа следејќи ги новите трендови“. Освен тоа, таа посочи дека „градењето на капацитетите на двете организации, односно на Советот на честа, како и на Комисијата за жалби и градењето мрежи со новинари, сопственици на медиумите, како и други граѓански организации, се важни за промовирање на процесот на саморегулација како механизам што ќе ја подигне свеста и етиката во известувањето“.

Оваа работилница е дел од редовните активности за градење на капацитетите на ЗНМ и партнерските организации со кои соработува, а е предвидена во тригодишниот Стратегиски план на ЗНМ. Овој процес беше финансиски поддржан од Американската амбасада во Скопје.

Што е медиумска саморегулација?

 

Совет за етика во медиумите на Македонија