Вести

germanski sovet za etika 1Во организација на Советот на Европа, претставници на Управниот одбор на Советот за етика на Македонија и на Комисијата за жалби во мај годинава беа во студиска посета во Берлин, каде се запознаа со начинот на работа на ваквото тело во Германија.

Претставниците од Германскиот Совет за прес го објаснија искуството со саморегулацијата на медиумите во Германија, а дел од прашањата за кои се дискутираше беа какви се правилата за пренесување на информации од Интернет за информирање во печатените медиуми, превземањето на фотографии од социјалните мрежи, како се одлучува во поглед на жалби за повреда на правото на приватност и известување за несреќи и сл. На средбите беше претставен и Етичкиот кодекс според кој ги носи одлуките Германскиот совет за прес.