Вести

nastan 05 12 2017

„Јавноста постојано реагира на случаите на непрофесионално известување. И тоа е добро. Тоа значи дека граѓаните се’ повеќе ги препознаваат матриците на пропагандно и мисионерско известување. Досега до СЕММ се пријавени над 220 случаи не неетичко информирање“, рече извршната директорка на Советот Марина Тунева, на денешната дебата во Тетово.

veles 16 11 2017

„Медиумите, изборите и улогата на саморегулација“ е тема на дебатата што Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја организираше на 15 ноември, во Општина Велес.

Советот за етика во медиумите на денешната прес-конференција ги соопшти наградите од конкурсот за најдобри новинарски стории од сферата на општествено – социјалниот живот, со фокус на унапредувањето на човековите права и промовирањето на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи.

logo cmem 001

Ние, новинарите, уредниците и раководството на медиумите, почитувајќи го правото на јавноста да биде објективно, вистинито и навремено информирана и имајќи целосна одговорност и свесност за улогата на медиумите околу претстојните парламентарни избори во државата, ја прифаќаме оваа Повелба и сме согласни дека во работата на нашите медиуми ќе се почитуваат следниве принципи:

21728686 1478775162169916 4422843270880038498 o

Македонската информативна агенција донесе одлука во наредните три месеци, до завршување на локалните избори, интернет порталите да добијат можност бесплатно да ги пренесуваат информациите на МИА.

Денес, 13.09.2017 година, во 11 часот, во Клуб на новинари, директорот на МИА - Драган Антоновски, претседателот на ЗНМ - Насер Селмани и извршниот директор на СЕММ - Марина Тунева, ќе одржат прес-конференција на која најавуваат свој придонес за професионално и етичко известување за претстојниот изборен процес во РМ.

SCS Newsletter April 2016 1 1200x846

Во пресрет на претстојните реформи во медиумската сфера кои произлегуваат од Пржинскиот договор, група новинарски и медиумски организации до Владата поднесоа Барање за спроведување системски медиумски реформи во кое се нагласени приоритетните прашања за кои се неопходни итни законски измени и практични мерки што треба да ги спроведат надлежните институции.

konferncija 17 05 20172

Советот за етика во медиумите има благородна улога постојано да ги потсетува медиумите и новинарите за професионалната етика. Се работи за принципи кои не ја штитат само професијата и нејзините членови, туку и демократијата и нејзиното пошироко влијание“, рече Шефот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар на денешната конференција на СЕММ, во хотелот Холидеј Ин, во Скопје.

logo cmem 001

Советот за етика во медиумите (СЕММ) на 30ти март (четврток), организира редовно годишно Собрание, со почеток во 10:30, во хотел Гранд Плаза, Скопје.

osuda

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува вчерашниот физички напад врз новинарот на телевизија 24, Христијан Баневски.

semm iks1

Саморегулацијата во медиумите и нејзините придобивки беше главна тема за дискусија на дебатата со студентите на Институтот за комуникациски студии, на 21 февруари.

Досегашните искуства и планови на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) беше тема на дебатата што се одржа на 2 февруари, во Скопје.