Членови на Комисија

Претседател на комисијата
Дипломира на Технолошко-металуршки факултет – хемиско инженерство. Од ноември 1979 година до ноември 2004 година има работено во “Нова Македонија” како новинар, уредник, дописник од Москва (во период од 6 години 1993-1999 година), како и главен уредник во периодот од 2002 до 2004 година. Од 2004 до 2006 година работи во списанието Порта 3. Од 2006 до 2008 година  е претседател на Совет за радиодифузија. Од 2008 до 2013 година работи во “Порта 3”.


Ердем Амет

 


Теофил Блажевски

blazevski@semm.mk

Теофил Блажевски, член на Комисијата за жалби, е дипломиран новинар. Своето формално образование го  има надоградено со бројни обуки во Македонија и надвор од земјата. Има 30-годишно работно искуство во новинарството, од кои над 22 професионално и  тоа како репортер, уредник и главен уредник (9 години) во повеќе печатени и електронски медиуми, вклучувајќи ги и новите медиуми. Блажевски е долгогодишен член на Одборот и активист во Транспаренси  интернешнл - Македонија
  

Мери Јордановска

jordanovska@semm.mk

Mери Јордановска, член на Комисијата за жалби. Веќе 10 години работи како истражувачки новинар. Од неделникот Фокус таа премина во Балканската истражувачка мрежа (БИРН), каде што работи теми и анализи за актуелните политички случувања во Македонија, судството, криминалот и корупцијата. Јордановска има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство, добитник е на балканската стипендија за новинарска извонредност и е еден од авторите на базата на податоци за истражувањена медиумската сопственост „Медиа Педиа“.

  

Сефер Тахири

tahiri@semm.mk

Д-р Сефер Тахири, член на Комисијата за жалби, има дипломирано на Катедрата за новинарство при Правниот факултет во Скопје, а магистерски студии завршува на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, на студиската програма Комуникации. Магистрира со одбрана на теза на тема „Влијанието на политичките партии врз уредувачката политика на комерцијалните телевизии“, а докторира на Њујорк Универзитетот-Скопје, каде ја одбрани докторската дисертација на тема „Влијанието на политичките партии врз уредувачката политика на јавниот радиодифузен сервис-Македонска Радиотелевизија (1998-2006 година)“.
Од 2008 година и актуелно предава на групата предмети од областа на медиумите и комуницирањето при Факултетот за јазици, култури и комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во 2009 година беше ангажиран и на Катедрата за новинарство при Државниот универзитет во Тетово.
Тахири има 15-годишно новинарско искуство. Од 1998-2000 беше новинар и уредник во весникот Факти, од 2000 до 2006 година беше уредник на вестите и заменик на главниот уредник на Програмата на албански Јазик на МТВ, а од 2006 до 2008 година заменик на главниот уредник на Телевизијата АЛСАТ-М. Во 2010 година беше уредник на веб - страницата на АЛСАТ-М. Паралелно со ангажманот во националните медиуми, од 2001 до 2011 година беше дописник на Радио Слободна Европа од Скопје-Програма на албански Јазик. Има учествувано во различни истражувачки проекти, реализирани од страна на Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

liljana

Лилјана Пецова

Лилјана Пецова – Илиеска, магистер по филолошки науки. Ко-основач и Програмски Директор на Програма за Приватност и Интернет во рамки на „ИМПЕТУС“ - Центар за интернет, развој и добро управување. Работи на тематски осврти и анализи кон добро владеење, транспарентност, отчетност, отвореност на институциите и мониторинг на медиумите. Претходно долгогодишно работно искуство во Министерството за внатрешни работи, по што следи скоро 5 годишна советодавна позиција во Агенцијата за заштита на личните податоци и како Лице за односи со јавност, а беше дел и од експертската работна група на Меѓуресорското тело за заштита на човекови права на РМ. Автор е на неколку научни трудови за заштита на личните податоци, како и дел од експертската група за подготовка на програмата за постдипломски студии во оваа област. Поседува експертиза за заштита на личните податоци, односи со јавноста и анализа на дискурси. Експерт во подготовка на стратешки документи и комуникациски планови. Особен долгогодишен придонес во едукација на целни групи во образование за побезбеден интернет за децата и учениците. Сертифициран обучувач за возрасни за портфолиото на експертизата. Дел е од заедницата за заштита на приватноста со посебен интерес кон секторот „безбедност, следење и транспарентност“. Член на заедницата на SEEDIG и EuroDig - под -регионални и регионални иницијативи на Форумот за управување со интернет, како и еден од основачите на Форумот за управување на интернет во Македонија- IGF.MKD. Панелист на повеќе домашни и меѓународни конференции и активист на Кампањата на Совет на Европа за борба против говор на омраза.

Што е медиумска саморегулација?

 

Совет за етика во медиумите на Македонија