Членови на Комисија

Претседател на комисијата
Дипломира на Технолошко-металуршки факултет – хемиско инженерство. Од ноември 1979 година до ноември 2004 година има работено во “Нова Македонија” како новинар, уредник, дописник од Москва (во период од 6 години 1993-1999 година), како и главен уредник во периодот од 2002 до 2004 година. Од 2004 до 2006 година работи во списанието Порта 3. Од 2006 до 2008 година  е претседател на Совет за радиодифузија. Од 2008 до 2013 година работи во “Порта 3”.
Заменик претседател
Магистер е по меѓународни односи и дипломатија на Факултетот Илирија во Приштина. Работи како уредник во дневниот весник Коха. Ајдини има 18 – годишно работно искуство, во кое освен како новинар, работеше и во канцеларијата за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Скопје, како и во Меѓународната организација за миграции во Скопје и Приштина.  Од 1997 година е член на Меѓународната федерација на новинари.
  


Теофил Блажевски

blazevski@semm.mk

Теофил Блажевски, член на Комисијата за жалби, е дипломиран новинар. Своето формално образование го  има надоградено со бројни обуки во Македонија и надвор од земјата. Има 30-годишно работно искуство во новинарството, од кои над 22 професионално и  тоа како репортер, уредник и главен уредник (9 години) во повеќе печатени и електронски медиуми, вклучувајќи ги и новите медиуми. Блажевски е долгогодишен член на Одборот и активист во Транспаренси  интернешнл - Македонија
  

 

 
  

Филип Ѓурчиновски

gjurcinovski@semm.mk

 
  

Мери Јордановска

jordanovska@semm.mk

Mери Јордановска, член на Комисијата за жалби. Веќе 10 години работи како истражувачки новинар. Од неделникот Фокус таа премина во Балканската истражувачка мрежа (БИРН), каде што работи теми и анализи за актуелните политички случувања во Македонија, судството, криминалот и корупцијата. Јордановска има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство, добитник е на балканската стипендија за новинарска извонредност и е еден од авторите на базата на податоци за истражувањена медиумската сопственост „Медиа Педиа“.

  

Сефер Тахири

tahiri@semm.mk

Д-р Сефер Тахири, член на Комисијата за жалби, има дипломирано на Катедрата за новинарство при Правниот факултет во Скопје, а магистерски студии завршува на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, на студиската програма Комуникации. Магистрира со одбрана на теза на тема „Влијанието на политичките партии врз уредувачката политика на комерцијалните телевизии“, а докторира на Њујорк Универзитетот-Скопје, каде ја одбрани докторската дисертација на тема „Влијанието на политичките партии врз уредувачката политика на јавниот радиодифузен сервис-Македонска Радиотелевизија (1998-2006 година)“.
Од 2008 година и актуелно предава на групата предмети од областа на медиумите и комуницирањето при Факултетот за јазици, култури и комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во 2009 година беше ангажиран и на Катедрата за новинарство при Државниот универзитет во Тетово.
Тахири има 15-годишно новинарско искуство. Од 1998-2000 беше новинар и уредник во весникот Факти, од 2000 до 2006 година беше уредник на вестите и заменик на главниот уредник на Програмата на албански Јазик на МТВ, а од 2006 до 2008 година заменик на главниот уредник на Телевизијата АЛСАТ-М. Во 2010 година беше уредник на веб - страницата на АЛСАТ-М. Паралелно со ангажманот во националните медиуми, од 2001 до 2011 година беше дописник на Радио Слободна Европа од Скопје-Програма на албански Јазик. Има учествувано во различни истражувачки проекти, реализирани од страна на Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

Гоце Герасимовски

ggreasimovski@semm.mk

Гоце Герасимовски, член на Комисијата за жалби, е дипломиран филолог и професор по турски јазик и книжевност. Уредник е и новинар во информативната редакција на Канал 5 телевизија, каде што работи 11 години. Обработува теми од надворешната политика и од глобалните случувања во светот и регионот. Пред да почне да се занимава со новинарството, работеше во Државниот архив на Македонија во одделот за класифицирање на архивска граѓа.