Национална конференција „МЕДИУМСКА САМОРЕГУЛАЦИЈА И ЕТИЧКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО МЕДИУМИТЕ“

Советот за етика во медиумите на Македонија, денеска, 17 мај (среда), во хотел "Холидеј Ин", сала Милениум 2, со почеток во 11 часот организира конференција „МЕДИУМСКА САМОРЕГУЛАЦИЈА И ЕТИЧКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО МЕДИУМИТЕ“. На конференцијата ќе се обратат и Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Н.Е. Самуел Жбогар и Шефот на Мисијата на ОБСЕ, Н.Е. Нина Суомалаинен.

Конференцијата се организира со помош на грант доделен преку проектот “#РеФорМедиа – унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера”, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми и Мировниот институт од Љубљана со финансиска поддршка од Европската Унија.

 
Download this file (dneven-red-17-05-2017.pdf) Дневен ред 17.05.2017