katerina sinadinovska170 220Катерина Синадиновска дипломирала новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2008 година. Таа е асистент на Главниот и одговорен уредник во економскиот неделник „Капитал“. Во овој неделен весник работи од 2010 година, најпрво како новинар на теми од сферата на политичкиот живот а подоцна како уредник на одделот за политика во овој неделен магазин, (2012-2013 година).

Претходно, пред започнувањето на професионалниот ангажман во „Капитал“, Катерина својата професионална кариера како новинар ја надоградува во 2 Национални телевизии, најпрво во ТВ Алфа а потоа во Канал 5. Исто така во периодот од 2004 до 2006 година работи како новинар во дневниот весник „Вечер“.             

Синадиновска во 2015 година е еден од основачите на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Исто така е избрана за Претседател на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Во март 2018 година Катерина повторно е реизбрана за Претседател на Управниот одбор и доделен и е втор мандат на оваа позиција во наредните 4 години.

Таа учествувала и била дел од голем број на работилници и тренинзи за професионален развој и конференции, спроведувани во рамките на Македонија и во други држави, со посебен фокус на слободата на изразување во медиумите, медиумска етика и писменост и политичко-бизнис влијание врз медиумскиот сектор.