Соопштение 20.07.2017

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува последниот случај кога екипа на ТВ Шења била попречена во известување за комунални проблеми во општина Чаир од симпатизери на ДУИ и повикува на преземање на неопходните мерки за расчистување на ваквите случувања.

Повеќе...

Национална конференција „МЕДИУМСКА САМОРЕГУЛАЦИЈА И ЕТИЧКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО МЕДИУМИТЕ“

Советот за етика во медиумите на Македонија, денеска, 17 мај (среда), во хотел "Холидеј Ин", сала Милениум 2, со почеток во 11 часот организира конференција „МЕДИУМСКА САМОРЕГУЛАЦИЈА И ЕТИЧКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО МЕДИУМИТЕ“. На конференцијата ќе се обратат и Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Н.Е. Самуел Жбогар и Шефот на Мисијата на ОБСЕ, Н.Е. Нина Суомалаинен.

Повеќе...

Реакција на СЕММ - 28.04.2017

Советот за етика во медиумите (СЕММ), по вчерашните инциденти во Собранието на Република Македонија, во кои беа нападнати и новинарски екипи од неколку медиуми, апелира за итна реакција на полицијата и Јавното обвинителство и преземање на неопходните мерки за расветлување и расчистување на инцидентите.

Повеќе...

Соопштение до медиумите - 10.04.2017

Советот за етика во медиумите со голема загриженост реагира на зачестените случаи на злоупотреба на одредени медиуми, особено во контекст на сегашната политичка ситуација, за ширење шпекулации, пропагандизам и невистини, кои би можеле да ги засилат тензиите и да доведат до потенцијални немири во општеството.

Повеќе...

Соопштение до медиумите - 01.03.2017

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро го осудува вчерашниот физички напад на новинарската екипа на порталот А1 Он и со загриженост оценува дека инцидентот ги потврдува тенденциозните обиди да се загрози слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

Повеќе...

СЕММ АПЕЛИРА НА ОДГОВОРНОСТ И КОРЕКТНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗБОРИТЕ

Со почетокот на изборната кампања во Република Македонија, Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелира за целосна професионална одговорност во новинарството, промовирање партиципаторен политички процес и континуиран пристап на јавноста до релевантни и веродостојни информации.

Повеќе...

Соопштение до јавноста

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува физичкиот напад врз новинарот на Телма Павле Беловски и смета дека со таквите инциденти и опструкции сериозно се загрозува слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

Повеќе...

Соопштение до медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по објавувањето на снимките од немонтираното интервју со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за МРТВ, ги повикува медиумите да не го злоупотребуваат добиениот материјал и да прават обиди за презентирање на добиените информации и гледишта во несоодветен контекст и без почитување на стандардите на чесно, коректно и објективно известување.

Повеќе...

Соопштение до медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија и за време на изборите ќе работи на олеснување и поттикнување на процесот на саморегулација и доследна примена на стандардите на професијата, беше истакнато на денешната прес-конференција на Советот.

Повеќе...

Прес-конференција на Советот за етика во медиумите на Македонија

По повод најавените парламентарни избори, Советот за етика во медиумите на Македонија – СЕММ, во понеделник, 5 септември, во 10:30 часот, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, ќе одржи прес-конференција.

Повеќе...

Соопштение до медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагира на објавувањето видео-снимка од неодамнешниот инцидент во Куманово кога лице со автомобил прегази цело семејство, меѓу кои и малолетно лице кое им подлегна на повредите.

Повеќе...

Соопштение до медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во изминатата година и половина има добиено над 120 жалби по различни основи, беше соопштено на денешната прес-конференција на СЕММ. „Бројката на пристигнати жалби и интересот на граѓаните, но и на другите организации и институции влева надеж дека саморегулацијата како процес може да влијае позитивно врз подобрувањето на медиумскиот систем во земјата, кој што во моментот е во криза од аспект на професионализмот и етиката“, информира Сефер Тахири, член на Комисијата за жалби при СЕММ.

Повеќе...

Најава: Прес-конференција на Советот за етика во медиумите на Македонија

Советот за етика во медиумите на Македонија – СЕММ, утре, 29 јуни (среда), во 10:00 часот, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, ќе одржи прес-конференција. На настанот ќе бидат претставени активностите на СЕММ и досегашните резултати од работењето на Комисијата за жалби.

Соопштение до медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), денес, 18 мај, со почеток во 14:30, во хотелот Арка, во Скопје, организира регионална конференција на тема „Предизвици на советите за етика во регионот на Балканот“.

Повеќе...

Соопштение до медиумите – 03.05.2016г.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по повод Светскиот ден за слободата на медиумите, потсетува дека професионалното новинарство е суштински елемент за функционална демократија и остварување на интересот и правата на граѓаните за пристап до вистинити и објективни информации.

Повеќе...

Соопштение до медиумите – 20.04.2016

Советот за етика во медиумите, набљудувајќи го медиумското известување по најновите превирања на политички план и реакциите на граѓаните, повторно ги потсетува медиумите да не ја злоупотребуваат својата улога и да послужат како платформа за потпалување на ситуацијата и засилување на тензиите во општеството. Имајќи го предвид фундаменталното право на слобода на медумите, ги потсетуваме новинарите и уредниците дека медиумските извештаи мора да ја содржат вистината и да не иницираат полемики и дискусии со кои ќе се разгорат тензиите и ќе се влошат односите меѓу граѓаните.

Повеќе...

Соопштение за јавност

Советот за етика во медиумите остро реагира на тенденциозното известување на повеќе медиуми околу вчерашното обраќање на обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференцијата организирана од Специјалното јавно обвинителство.

Повеќе...

Прес-конференција на Советот за етика во медиумите на Македонија

Советот за етика во медиумите на Македонија – СЕММ, утре (10 март), во 13:30 часот, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, ќе одржи прес-конференција. На настанот ќе бидат претставени тенденциите во медиумското известување по потпишувањето на Повелбата за етичко известување за изборите.

Соопштение до медиумите 05.03.2015

Советот за етика во медиумите на Македонија, по најновите случувања во општина Бутел, ги потсетува медиумите на одговорноста за внимателно, објективно, вистинито и веродостојно информирање на јавноста.

Повеќе...

Што е медиумска саморегулација?